Нов рекорд за женско соло

Џес Мерис со брзинско соло на „Носот“

Џес Марис (Jes Meiris) го урна брзинскиот рекордот за женско соло искачување на легендраната на сока „Носот“ на Ел Капитен.

 

На нејзиното седмо искачување на „Носот” (VI, C2) на Ел Капитен, американката Џес Мeрис вкупно 27-те цуга до врвот ги помина за само 27 часа и го урна претходниот рекорд за женско соло кој во 2002 година го постави Жаклин Флорин кој изнесуваше 4 дена, 7 часа и 43 минути.

Џес Мeрис (32) уште пред година дена планираше да го иссолира „Носот”, а рекордното искачување го започна на 7 јуни 2014 година во 20:00 часот.

  • „Сакав да го искачам сама качувајќи нонстоп, без извлекување на товар и без преспивање, и знаев дека ако успеам во замислата дека ќе урнам некој рекорд, но и без тоа планирав да го направам тоа.” изјави Мерис. „Беше доста привлечно зашто ниедна жена не направила искачување на „Носот” во ваков стил, и покрај тоа, извлекувањето е тешко. Особено ако си сам.”

Мерис имаше два пада при нејзиното рекордно искачување, и обата биле безбедни, според нејзините изјави. Вториот пад се случил на секцијата boot Flake каде еден чок се откачил и точката за осигурување под неа се откорнала, кршејќи еден камен и Мерис паѓала 6 m и ја задржал експанзивен клин.

  • „Беше тоа чист пад, но морничав” вели Мерис. „Беше рано наутро, некои момци спиеја на врвот на секцијата. Сигурна сум дека женски крик ги разбуди!”

Таа качуваше ноќе и в зори стигна до Кралското Клатно (16-ти цуг) планирајќи што е можно повеќе да биде во сенка. Беше изложена на сонце само два часа по Големиот Таван, и веднаш потоа започна со искачување на горните жлебови кои попладнето се во сенка.

Освен неколку мали безбедни падови и чувствувајќи се уморна на почетокот, Мерис се чувствувала одлично по Кралското Клатно, делумно благодарејќи на поддршката од нејзините пријатели и семејството.

  • „Имав одлична поддржа со пораки преку SMS од луѓето кои ме охрабруваат во мојот живот, и тоа ми ги држеше нивото на енергија и мотивацијата на високо ниво.” изјавува Мерис. „Тоа беше голем придонес кон успехот кон моето искачување.”

Околу 23:00 на 8 јуни таа се прегрна со својата пријателка Ејприл кој ја чекала на врвот со храна и пиво. Мерис не е сигурна дали повторно би влегла на „Носот”, но уверена е дека може да го искачи и побрзо.

  • „Само гледајќи ги цуговите потворно и имајќи повеќе информации како ефикасно да го иссолирам средниот дел ќе ми заштеди време ако се решам да го солирам пак.” напиша Мерис.

Автор

Nikola Andonoski

Гостивар

Македонија