Јовица Јованчев трет на ултра маратон на Стара планина

Викендот 13-15 јуни на Стара планина,Србија, се одржа еден од најтешките ултра маратони во планинско трчање во регионов.

Со старт на полноќ, пратени од полна месечина, дочек на утрото со повеќе часовен дожд, ветер на врвовите Копрен и највисокиот Миџор 2169 м.н.в., гледки кои здивот го одземаат, минување низ високи треви и клеки и што ли уште не, ја направија оваа авантура незаборавна.

Момците од ТРЕКС повторно меѓу најиздржливите. Од вкупно 40 учесници на 122км завршија 14. Јовица Јованчев заврши на трето место со време од 19ч и 54м минувајќи го последниот тест пред УТМБ  ( Ултра Треил Монт Блан) каде ќе учествува во август. На 11то место на 122 км заврши и Борче Милосковски. Браво ТРЕКСери и само напред во нови авантури.

 

Автор

TREX

Скопје

Македонија