Спијам, значи постојам

Добар сон е одлична подлога за успешен претстоен ден. Дали вашиот сон ги задоволува критериумите?

Човековиот терк на спиење низ вековите претрпил повеќе прекројувања, единствено не се сменила потребата од оние 7-9 часа квалитетен сон. Иако научниците до ден денешен не можат да одговорат на прашањето зошто спиеме, постојат многу теории и размислувања на темата како сонот се одразува врз нашето здравје, како менталното, така и физичкото.

[За сите кои го билдаат мускулот во главата] добриот сон е неопходен за непречена когнитивна функција од два аспекти. Од една страна краткотрајното и неквалитетно спиење ја намалува способноста за фокусирање, концентрација, правилно расудување. Од друга страна сите новонаучени нешта во текот на денот се консолидираат и утврдуваат токму додека спиеме (студенти!).

  • Дали знаете дека најголемите катастрофи предизвикани од луѓе во нашата историја како Чернобил, островот Три Милји и Ексон Валдес се должат на недостаток на сон?!

[За сите кои ги билдаат мускулите на телото] спиењето е периодот кога настанува најефективна, најдлабока репарација и детоксификација на телото. Од друга страна лошиот сон доведува до лош перформанс, недостаток на енергија и слаби рефлекси. Се смета дека само еден час сон повеќе, кај сите што се занимаваат аматерски или професионално со било каков облик на спорт, значително го подобрува крајниот резултат.

Прашањето што сигурно Ве интересира е како да добиете квалитетен сон, да се разбудите без стрес и да го зграпчите денот? Следуваат неколку ефективни совети…

1. Оставете си доволно време за спиење, заборавете ги доцните часови пред телевизорот или со книгата и легнете си порано. Иако некои луѓе сметаат дека на овој начин полесно заспиваат, сепак светлината од телевизорот има стимулирачки ефект. Резултатот е често лош и немирен сон.

 

2. Обезбедете си квалитетна спијачка параферналија. Токму перницата може да биде главниот виновник што наутро не можете да го свртите вратот, се чувствувате мамурливи или ‘рчите навечер. Неквалитетната перница врши притисок и ја отежнува циркулацијата во пределот на вратот и главата, па лошо се одразува врз вашиот сон. Квалитетните мемори перници изработени од високо квалитетна полиуретанска пена, освен што даваат одлична потпора за мускулите на главата и вратот, овозможуваат непречена циркулација во овој предел, хигиенски се и не предизвикуваат алергии. Всушност под дејство на вашата телесна топлина, перницата омекнува и се преобликува во одредени точки според вашиот природен облик , па добивате перфектен калап за спиење според ваша мерка. Истото важи и за душекот за спиење.

3. Доловете си приспивна смирувачка атмосфера во спалната, исполнете ја со пастелни и нежни бои. Оваа важна просторија секогаш нека биде проветрена и чиста, без интензивни мириси и без купови од предмети или облека.

4. Подалеку од кофеински или енергетски пијалоци на крајот на денот. Истото важи и за тешката и зачинета храна.