ТРИАТЛОН ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Дојран – Прво Триатлон првенство на ТФМ за 2014

Согласно програмата за работа и календарот на натпревари на ТФМ, се донесуваат следните пропозиции…

ПРОПОЗИЦИИ

Прво Триатлон Првенство за 2014 година – ДОЈРАН 22.06.2014

Организатор – ТФМ , Подржано од Општина Дојран

Место на одржување Дојран  22.06.2014 – недела

Старт, на Платото кај Општината

10.30 – Сениори, Јуниори, Мастерс,

11.30 – Кадети,

12.00 – пионери  локација

Поделба на стартни броеви, од 09.30 на стартна рамнина

Учесници и категории; Сениори, Јуниори, Кадети, Девојки, Мастерс35+ и Пионери

Дистанци:

Категорија

Пливање

Велосипедизам

Трчање

Сениор- ки, Јуниори -ки    

Мастерс

 

750 м

20 км

5 м

Кадети-ки

 

375 м

10 км

2.5 км

С Пионери/ки 

 

200 м

5 км

 1250 м

М Пионери/ки

 

100 м

 2.5 км

600 м

Транзиција/Бокс, ќе биде поставен пред Општина Дојран. Патеката на возење ќе биде на патот кон Грција за Сениори, Јуниори и Мастерс (за другите категории возење покрај обала), а трчањето ќе биде на кејот околу езерото.

Еден Круг велосипедизам – 5 км, 1 круг трчање е 2.5 км. Маршутата ќе биде појаснета  пред стартот на трката.

Право на учество, сите регистрирани спортисти во ТФМ членови на клубовите. Спортистите мора да бидат осигурани и лекарски прегледани. (Обврска на клубовите).

Спортистите кои немаат осигурување и лекарски преглед, потпишуваат изјави дека настапуваат на сопствена одговорност.

Котизација за трката е 100 денари за регистрирани натпреварувачи и 500 денари за нерегистрирани натпреварувачи.

Бодување- Трката се бодува за Шампионат на Македонија во Триатлон.

Технички правила,  Учесниците се должни да ги почитуваат правилата на ИТУ и ТФМ и учеството на трката е на сопствена одговорност и сите настанати последици се на сопствена одговорност на натпреварувачите.  Задолжителноносење на заштитен шлем, соодветна опрема за триатлон (во случај да нема одело, задолжително вози со маица).

Доделување на дипломите и медалите ќе биде по завршување на сите трки, околу 13.00 часот.

ТФМ – Генерален Секретар
Гордана Николовска

Претседател
Иван Михајловски

Автор

Macedonian Triathlon Federation

Скопје

Македонија