Светска грицка за со светското првенство

И не само што никој жив не може да одолее на мирисот на свежо печени кикирики, туку се испоставува дека тие се далеку поздрави одошто мислиме…

Нутритивнато CV на кикириките е едно од побогатите за разлика од другите пријатели на пивото. Содржат солидна количина на протеини, калиум, Б витамини, витамин Е, магнезиум, диетални влакна и коензим Q10. Исто така содржат и солидна количина на масти, но од моносатуриран тип, како што е олеичната киселина, онаа истата од маслиновото масло. 

Кикириките се одличен сојузник за превенција на кардиоваскуларни заболувања, според повеќе истражувања, а некои резултирале и со број од 35% намален ризик од кардиоваскуларно заболување, благодарение на овие легуминози. Сепак немојте да претерувате со нивната солена варијанта ако сакате да одржувате диета пријателски настроена кон срцето.

Интересно е да се назначи дека кикирите имаат далеку поголема содржина на антиоксиданси за разлика од некои овошја или зеленчуци. Особено се богати со ресвератрол, кардиопротективен антиоксиданс. И секако кикириките се најдобриот партнер на пивото. Според Кралското Хемиско Друштво, кикириките го подобруваат вкусот на пивото преку прекривање на неговата горчлива нота и фаворизирање на слаткиот вкус.