Рајан Џенингс и Кевин Купер во Алјаска

Голема првенствена насока во Алјаска

Рајан Џенингс и Кевин Купер го остваруваат својот алпинистички сон со искачување на првенствена и импресивната рута во Алјаска, „Stairway to Heaven“. 

Џенингс (40) изјави: „Никогаш да не се обидеш да ги оствариш своите најголеми соништа, за кои со години си тренирал, се чини апсурдно. Така одредивме дека мора да најдеме начин. Моравме да одиме.”

Тој и Купер (47) поминаа 81 час во насоката, од 1 – 4 мај 2014 година.

Над 20 врва, со монолитни гранитни стени од 900 до 1500 m ја сочинуваат линијата на глечерот Ruth. На Mount Johnson, искачени се само грст насоки вклучувајќи и искачување со водач од страна на Gary Bocard во 1979 година по јужниот гребен и насоката „Elevator Shaft” од 1995 година од Doug Chabot и Jack Tackle. По директната северна стена прв се обиде ветеранот во алпинизмот во Алјаска Andi Orgler во јули 1990 година како искачување на сува карпа, но имаше недостиг на можности за осигурување.

Џенингс и Купер планираа да направат обид во мај 2003 година, но беа спречени при колапс на сидриштето при абзелување на насока „Shaken but not Stirred” на Moose’s Tooth, која ја искачуваа за загревање. Обајцата се повредија и се повлекоа од масивот.
Одлуката да се вратат и да ја кача тансоката од нивните сништа, беше многу тешка.
„Обајцата старееме и имаме деца,” вели Џенингс. „Јас лично достигнав до точка кога за размислувам за ризикот наместо за она што го добивам секогаш коа доам на планина.” Тој и неговиот партнер си имаат своја перспектива. „Кевин и јас ги зацртавме нашите цели како обид да ја фокусираме преостанатата енергија и да го искористиме она што го имаме научено во изминатите околу 15 години качувајќи заедно.”

Времето оваа сезона ни беше наклонето, со минимални снежни врнежи и натпросечни температури. Одвоивме две и пол седмици за ова искачување.

За крај, Џенингс изјавува:„Благодарен бев и сум за сите години кои качував, за добро развиеното партнерство со голем и еднаков партнер, на нашите семејства и пријатели, за небото кое беше милостиво кон нас и ни овозможи безбеден премин, со нашата способност да веруваме во себе, нашите вештини и способноста да донесуваме одлуки.”