Балканско првенство за деца од 11 до 14 години во Истанбул, Турција

Идризи атакува по трета балканска титула

На 14 и 15 јуни 2014 година во Истанбул, Турција се држува 19тото Балкснско првенство во карате за деца од 11-14 години. Двократниот балкански првак Абрудахим Идризи по трет пат ја брани титулата балкански првак.

Во јануари оваа година тој успешно ја бранеше титулата „Гранд При – Хрватска“, понатаму следуваа успесите во Сараево и Скопје, а во Кавадарци тој по трет пат стана државен првак каде што се стекна со правото да ги брани репрезентативните бои.

„Се чувствувам подготвен за Балканското првенство. Нормално е дека имам и емоции, меѓутоа, после напорната работа што ја имав со мојот тренер Муарем Имери, со право очекувам да ја одбранам титулата во кумите, а истовремено ќе атакувам и по титулата во кати.“

Автор

Abdurahim Idrizi

Скопје

Македонија