Веге чорба „Мариово Офф Роуд 2014“

Чорбата беше припремена во кампот наменет за турата која се одржа викендов во Мариово, а беше пропратена од многу љубопитни очи и гладни усти. И затоа веднаш ја снема… 🙂

 
  • 3 кромиди
  • 1 кеса зеленчук (грашок, морков, пченка)
  • 3 компири 
  • 1 чешне лук
  • 150г булгур
  • 1 чаша доматно пире
  • масло
  • магдонос
  • морска сол
  • бибер
 

Подготовка

1. Кромидот се сецка на ситно и се пропржува.

2. Потоа се додаваат зеленчукот и компирот сецкан на коцки.

3. По 10-тина минути се додава вода на тивок оган и се вари околу 30 минути.

4. Се додава булгурот и се вари уште 10 минути, па на крај се додаваат доматното пире, магдоносот и биберот.

Автор

Dusan Jovanovski

Скопје

Македонија