“Macedonian BJJ Open 2014 – Skopje – Macedonia”

Успешно заврши Првиот Македонски Меѓународен турнир во Бразилска Џиу Џица

Вчера во спортскиот центар “Форца”во организација на Центарот за боречки вештини “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” и Македонската Федерација за БЏЏ се одржа првиот меѓународен турнир во БЏЏ.

Турнирот беше организиран со конкретно сценарио и благодарение на успешната организацијата целиот настан заврши во 16.00 часот. Сите посетители имаа можност да уживаат во пријатната атмосфера во салата и прекрасниот спортски центар (бесплатен wi-fi, попуст во кафе барот, соблекувални, тушеви, преносот во живо преку интернет за сите љубители во Македонија и во странство).

На турнирот имаше над 15 квалитетни БЏЏ тимови од повеќе земји како Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Албанија, Црна Гора, Германија и Турција кои се прикажаа во позитивно светло. Со покажаните квалитети се виде дека оваа боречка вештина за кратко време го подигна својот квалитет на повисоко ниво.

Благодарение на квалитетното судење на борбите од страна сертифицираните судии кои допатуваа од Србија на турнирот немаше незадоволни натпреварувачи и тренери.
Во ТИМСКОТО натпреварување на ПРВО МЕСТО убедливо беа членовите на “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” освојувајќи дури 170 поени – дури 111 поени повеќе од вторпласираниот тим на ИПОН од Бугарија.

Тимско натпреварување:

1. The Strongest & Roots BJJ with………………170 points

2. Ipon with……………………………………….47 points

3. BJJ Caminho…………………………………..31 points

Најуспешен натпреварувач и освојувач на вредната награда – суплементација во вредност од 110 евра од нашиот спонзор “PBC” беше членот на “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” беше СТЕФАН ПЕЦЕВСКИ.
Освојувачи на трите вредни награди – тетоважи во вредност од 150 евра, спонзорирано од еден од најдобрите македонски тату мајстори, Васко Златев се:

1. Стефан Пецевски – “Д Стронгест & РУТС БЏЏ”;
2. Ненад Ристевски – “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” и
3. Благоја Трајчевски – “Д Стронгест & РУТС БЏЏ”.

Освојувачи на КИМОНАТА за БЏЏ од нашиот спонзор “ROOMAIF” се:
1. Менка Стојаноска – победник во апсолутна категорија во категорија за девојки член на “Д Стронгест & РУТС БЏЏ”;
2. Стефан Пецевски – победник во апсолутна категорија во категорија за бели појаси и член на “Д Стронгест & РУТС БЏЏ”;
3. Никола Миловановиќ – победник во апсолутна категорија во категорија за плави појаси и член на “BJJ Caminho”;
4. Ахмет Федаи – победник во апсолутна категорија во категорија за виолетови појаси и член на “Д Стронгест & РУТС БЏЏ”;

Голема благодарност до нашите членови кои помогнаа во организацијата на овој настан. Исто така голема благодарност до нашите спонзори “Cevahir Sky Sity”, “PBC”, “Vaskoz Tatoo Studio”, пицерија “Студио Ф”, “Хелиос Медикал”.

ЦЕЛОСНИТЕ РЕЗУЛТАТИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА