5 знаци дека ви фалат јаглехидрати

Да, понекогаш е сосема оправдано и потребно да консумирате на повеќе јаглехидрати. Овие се неколку од тие ситуации…

ЛОШ ЗДИВ?

Целта на ниско-јаглехидратна исхрана е телото да ги согорува масните резерви за енергија, наместо јаглехидратите. Ова се случува преку процес наречен кетоза и освен добиената енергија, на крај се добиваат и хемиски супстанци – кетони, кои имаат далеку од пријатен мирис, а често се ослободуваат преку здивот. Тука не помагаат четки, пасти, конци или јазикочистачи.

ВЕЖБАЊЕТО НЕ ДАВА ЕФЕКТ

Кога физички активните луѓе не внесуваат доволно јаглехидрати, телото ги користи протеините за мускулна фунција, па тренинзите со цел да изградите поубава мускулатура ќе ви паѓаат во вода. Токму заради тоа се вели дека јаглехидратите ги “штедат” протеини и ви се потребни за да изградите убава мускулатура.

ФОКУС И КОНЦЕНТРАЦИЈА?

Главниот извор на енергија за вашиот мисловен центар се токму јаглехидратите. Кога ќе го оставите мозокот да гладува, когнитивните функции намалуваат, па потешко се постигнува концентрација и фокус. 

СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ЛОШО

Една теорија ги поврзува јаглехидратите со продукција на серотонин, хормонот на среќа, па токму заради тоа ниско јаглехидратните диети се поврзуваат со поголеми промени в расположението за разлика од другите диети.

НЕРЕГУЛАРНА ПОСЕТА НА ТОАЛЕТ

Најочигледен знак дека нешто не е во ред со вашата исхрана е нерегуларната столица. Најчесто ова и се случува кога се ставате на протеински/ниско-јаглехидратни диети бидејќи избегнувате храна богата со диетални влакна која ја подобрува работата на цревата (житарките и овошјето на пример). Во ваков случај е потребно да удрите на повеќе зеленчук кој изобилува со диетални влакна.