4 нутри совети за посладок сон

Ако сте од оние кои бескрајно бројат овци во ноќта, пробајте некоја од овие мали промени во исхраната, може ќе ви направи голема разлика…

УЖИНКА ПРЕД КРЕВЕТ

Строго забрането е јадење на тешки обоци за вечера особено ако имате проблем со заспивањето. Но мала ужинка може и те како позитивно да делува врз целиот организам, да го смири гладниот стомак и полесно да заспиете. Млечните производи, соиното млеко, легуинозите се богати со триптофан, аминокиселина која помага при заспивањето. Мала количина од било која намирница од овие пред да се кутнете в кревет, може да направи разлика, само не забравајте да измиете заби измеѓу.

БЕЗКОФЕИНСКО ПОПЛАДНЕ

Стимуланси како кафе, зелен чај, енергетски пијалоци после ручек никако, ако мака мачите навечер со заспивањето. Наместо кафе пијте некој хербален чај, млеко со мед и цимет или овошен сок. Ако сакате додатна доза освежување, а избегнувате кафе, пијте минерална газирана вода со малку лимон.

ХОРМОНСКИ СТИМУЛАТОРИ

Мелатонинот е хормон одговорен за регулација на дневно-ноќниот ритам. Некои типови на храна ја стимулираат продукцијата на мелатонин. Тука спаѓаат оревите, црешите, грозјето, кивито. Внесете повеќе од овие во исхраната после пладне и стимулирајте го мелатонинот на природен начин. 

ПОВЕЌЕ МИНЕРАЛИ

Според повеќе студии, недостатокот на магнезиум може да доведе до ексцитираност на нервниот систем и да спречи релаксација кога ќе дојде време за спиење. Добар извор на магнезиум се листестите зелнчуци, семките од тиква, чоколадото.