Грицкај сурово какао и мисли беспрекорно
Острилка за мозок – Какао
Радовното консумирање на какао може да ја подобри когнитивната способност и на стари години.
Според едно испитување, две шолји какао дневно, кај постари лица без деменција, значително го подобруваат крвотокот низ крвните садови во ендокраниумот, па така и во мозочното ткиво, што делува позитивно врз когнитивната способност.
Прашањето што се поставува е која состојка всушност делува толку делотворно во какото?! Се смета дека флавоноидите со кои какаото изобилува, така наречени (-)епикатехини – се изговара минус епикатехини – се одговорни за таа мала диетарна промена да направи огромна разлика што се однесува на когнитивната функција. Освен какаото кое изобилува со (-)епикатехините, овие флавоноиди ги има и во јаболката, виното и чајот.
Како да го извлечете максимумот од какаото? На жалост чоколадото што го јадете или какото кое поминало низ т.н. “холандски процес” се осиромашени од флавоноидите. Но затоа суровото смелено какао или уште подобро целите какао зрна кои можете да ги најдете на пазарот се одличен извор на овие фитохемикалии – мозочни остилки.
Уште еден бенефит од какото со висок флавоноиден контент е и позитивниот ефект врз останатите делови од кардиоваскуларниот систем. На пример Куна Индијанците од Панама, немаат регистрирано случаи на покачен крвен притисок, ниту пак им се покачува со возраста. Овие луѓе пијат во просек пет шолји какао во денот.
Освен тоа какото е одличен извор на магнезиум, минерал кој учествува во над 300 ензимски процеси во телото, уште многу други елементи и фенилетиламин – љубовна хемикалија кое нашето тело ја продуцира кога не можеме да го смириме она скокотливо чувство во стомакот и насмевката на лицата.