Најуспешните ски брендови според ФИС

Рангирање на ски брендови за сезона 2013/2014

Како и секоја година и оваа сезона 2013/2014 Meѓународната скијачка федерација ФИС ги рангираше најуспешните ски брендови, во дисциплините Алспко скијање и Крос Кантри.

Во ФИС дисциплината Алспко скијање, со четири последователно победи во севкупен пласман во машка и женска конкуренција доминира брендот Head. Овој бренд исто така е присутен и на врвот со својата опрема и облека во машка конкуренција во спуст, слалом и веле слалом.

На страната кај дамите, Rossignol е број еден бренд следен од Head и Atomic.
Меѓу најуспешните скијачи кој го користат брендот Head e и норвежанецот Аксел Лунд Свиндал (Aksel Lund Svindal )

 

Во ФИС дисциплината Крос-Кантри како најуспешен бренд е повторно австрискиот ски производител Fischer, поседувајќи го врвот во сите дисциплини и кај мажите и кај жените. Овој глобален пазарен лидер заработи и награда во Нордиско скијање за победи во седум последователни години.

Меѓу познатите атлети кој се натпреваруваат со Fischer се Марит Бјорген (Marit Bjoergen), Тереса Јохг (Therese Johaug ) и Дарио Колоња (Dario Cologna) . Во севкупното рангирање овој супер бренд е следен од францускиот Rossignol и норвешкиот произведувач Madshus.

Поздрав SkiMacedonia

Автор

Ski Macedonia

Скопје

Македонија