Како да ослабнете без броење на калориите?

Сите знаеме дека ако сакаме да ослабнеме треба да јадеме помалку и да трошиме повеќе. Но сите не успеваме да разбереме каква исхрана треба да следите за да ослабнете. Секогаш има диети што се базираат на анегдотично искуство или не се наменети за активни луѓе.

Едноставното решение е да јадете храна што волуменски зафаќа многу простор и има многу калории.

Дознајте како!

Во следното видео ја објаснувам волуменската диета или диета што може да јадете колку сакате, а притоа да губите килограми.

Да убаво слушнавте, комбинирано со вежбање со тежини 2-3 пати неделно и јадење на зеленчук, овошје и протеини вие ќе го максимализирате топењето на масти без броење калории.

Нормално препорачувам да ги броите калориите за да знаете дали сте под или над вашите планирани калориски потреби за денот.

Но има луѓе што го одбиваат тоа, па решив да им го поедноставам пристапот. Нормално наградувајте се понекогаш ако сте постигнале тоа што сте го посакале. Еднаш месечно имајте награда што сте успеале да го постигнете тоа. Направете го тоа веднаш и не се двоумете, времето посветено на тоа е најдоброто нешто што ќе го направите лично за вас.

Нели нема нешто поважно од вашата личност?