Едно јајце муч, сите деца чуч

Ако треба да бирам само едно движење кое треба да го научат децата тоа би било чучнувањето. Сметам дека токму ова движење ќе биде едно од најприменуваните движења во текот на нивниот живот, а неговото правилно совладување ќе им обезбеди сигурно совладување на голем број физички активности и обврски, без притоа да настане повреда.

 

Како до правилно чучнување?

1. Застанете во расчекорен став во ширина на колковите (некои деца имаат потреба да застанат пошироко и тоа е сосема во ред), прстите гледаат кон напред малку отворени нанадвор (на почетокот на децата им е полесно со отворени стапала), телото е исправено, рамениците се назад и доле, а погледот е насочен нанапред.

2. Почнете да се спуштате кон долу, истовремено носејќи го задникот кон назад (кажете им на децата да си замислат дека сакаат да седнат на столче); при спуштањето колената се отвараат кон надвор следејќи ја линијата на прстите; стапалата остануваат залепени на земја.

3. Што се однесува до горниот дел, трупот е стегнат, рамениците се назад и доле (изпружувањето на рацете нанапред ќе помогне во ова), градите се „спуштени” доле во линија со карлицата, а главата во неутрална позиција со погледот насочен кон напред и долу.

4. Движењето заршува кога колкот ќе дојде под колената; од оваа позиција почнете да се кревате кон горе, притоа одржувајќи добра позиција на телото.

Најчести грешки кои се јавуваат при изведување на чучнувањето

Искривување во грбот (особено во горниот дел) – доколку овој проблем не можете да се отстрани само со воочување и давање инструкции, тогаш е време за чучнување покрај ѕид (wall squat) – детето е свртено кон ѕид со подигнати раце и поставени на истиот. Од оваа позиција се изведува чучнување, а притоа рацете остануваат на ѕидот подигнати нагоре. Ова ќе овозможи зголемување на мобилноста во горниот дел на грбот.

Одвојување на петите од под – овој проблем најчесто се анулира со раширување на нозете; посочете им дека колкот треба да оди кон долу и назад, а не само долу;
Без разлика за која грешка станува збор потребно е време и упорност за истата да се корегира. Затоа на почетокот внимавајте да преовладува квалитетот наспроти квантитетот со цел правилно совладување на техниката.