Ѓумбирова сол

Овој микс на морската храна и дава сосема нова димензија, може да послужи и како зачин за салати, за супа или за посолување врз обарен зеленчук. Во секој случај ќе ви ги исполни и задоволи сетилата…

 

 
  • Парче ѓумбир
  • 120 грама морска сол
 

Можете слободно да користите и ѓумбир во прав, но најсилна арома ќе добиете со домашно исушен свеж ѓумбир.

Подготовка

1. Ѓумбирот излупете го и исецкајте го на ливчиња. Колку потенки, толку побрзо ќе се дехидрираат.

2. Јас наредив еден цел спрат од дехидрататорот. Оставете ги ливчњата ѓумбир во дехидрататор околу 8 часа.

3. Во мелница за кафе измешајте една лажичка сол со исушениот ѓумбир. Добиениот микс смешајте го со остатокот од солта.

Ако обожавате посилни ароми, тогаш додадете повеќе ѓумбир и обратно, повеќе сол за послаба арома. Најјака арома оваа сол има во првата недела, а веќе потоа почнува да бледее. Сепак ѓумбировата сол својот биберно-лимонов мирис го задржува и до 4 месеци ако ја чувате во соодветен хереметички затворен сад.

Ако немате дехидрататор може да искористите ѓумбир од рафт, а постои можност сушењето да го направите и во рерната на најниска температура 6-8 часа. Сепак топло ви препорачувам да вложите во ваков кујнски апарат. Можете сами успешно да си сушите билки, зачини, чаеви, овошје, зеленчук, можностите се неограничени…