Вегански мафини

Веганска верзија на здравите утрински мафини

 

 
  • 160 грами ‘ржано брашно
  • 120 грами снегулки по желба
  • 4 пакетчиња стевија
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • прстофат сол
  • 1 лажичка мускатно оревче
  • 1 јајце од лен
  • 80 милилитри оризово млеко
  • 2 јаболка
  • 3 средни моркови
  • 1 рака сушена брусница
 

Подготовка

1. Сите суви состојки се соединуваат во еден подлабок сад. Ги мешаме брашното, снегулките, засладувачот, прашокот за пециво, солта, бикарбоната, мускатното оревче.

2. Се додава јајцето од лен, оризовото млеко, се рендаат јаболката и морковот, се додава и брусницата и сета смеса убаво се соединува.

3.Смесата се дели на во калапчиња за мафини и се пече на 180 степени околу 30 минути.