Здрави утрински мафини

Ако останат до утрото за да појадувате, оти нашите ги снема уште со вадењето од рерната…

 
  • 160 грами брашно
  • 120 грами снегулки
  • 4 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • прстофат сол
  • 1 лажичка мускатно оревче
  • 1 јајце
  • 80 милилитри млеко
  • 2 јаболка
  • 3 средни моркови
  • 1 рака сушена брусница
 

Подготовка

Нека не ве плаши листата на состојки, овие мафини се склопуваат неверојатно брзо ако веќе по дома ви се наоѓаат овие основни намирници.

1. Во длабок сад се мешаат брашното, снегулките (јас користев мешавина од овесни, ‘ржани, пченични и јачменови), шеќерот и останатите суви состојки.

2. Се додаваат јајцето и млекото, се рендаат морковите и јаболката крупно и се додава брусницата. Сето убаво се промешува и се сипа во претходно намастено тавче за мафини.

3. Се пече 25 минути на 180 степени или верувајте му на стариот проверен тест со дрвена чепкалка.