Чили облачиња

Јајце со нешто плус на малку поинаков начин..

 
  • 4 јајца
  • 3 лажици пармезан
  • 1 лажичка толчена кратовска сол (буковец)
  • 2 млади кромитчиња
 

Подготовка

1. Одделете ги жолчките од белките. Внимавајте жолчките да не ја загубат формата (да не се дупнат).

2. Со миксер белките се матат додека да се постигне цврста пена.

3. Се додава пармезанот, ситно сецканите кромитчиња и толчената сол и благо се мешаа за белките да останат воздушести.

4. На хартија за печење се прават 4 купчиња од смесата со белки. Се печат 3 минути во претходно загреана рерна на 220 степени.

5. Откако ќе заруменат белките, се вадат од рерна, со лажиче се формираат длапки во средината и се додаваат жолчките.

6.Се пече уште 4 минути, за да се испечат и жолчките.