Шеќерен водич

Кој е поблаг, кој е порафиниран, кој каде?

Бидејќи шеќерот заслужено стана олицетворение на лошата исхрана, вишокот килограми и срцевите заболувања, ова е листа на најупотребувани шеќери, нивниот гликемичен индекс и преку која храна најчесто ги консумирате…

МАЛТОДЕКСТРИН (150) со овој висок гикемичен индекс, малтодекстринот е речиси отров за дијабетичарите. Се наоѓа во грото пакувани производи.

ГЛУКОЗА (100) висок гликемичен индекс, еквивалентен на белото брашно.

ПЧЕНКАРЕН СИРУП (75) во глобала станува збор за сируп од ГМО пченка, а високо фруктозниот (87) е уште полош.

РАФИНИРАН БЕЛ ШЕЌЕР (65) често ГМО, без никаков нутритивен бенефит, осиромашен и високо рафиниран, со ациден ефект во телото.

МЕД (50-75) типот на мед прави огромна разлика и степенот на рафинираност, па така високо рафинираниот мед често е еквивалентен на белиот шеќер, додека природниот суров мед има далеку повеќе бенефити.

МЕЛАСА (55) краен продукт од производството на рафиниран шеќер, но богат со минерали и витамини особено Б6, калциум, магнезиум, железо и манган.

ЈАВОРОВ СИРУП (54) се добива од јаворовото дрво, рафиниран е, но поздрав од рафинираниот бел шеќер и со понизок гликемичен индекс. Сепак и овој сируп треба да се консумира умерено.

КОКОСОВ ШЕЌЕР (35) богат со нутрицитиви, низок гликемичен индекс, овој шеќер е одлична замена за белиот рафиниран осиромашен шеќер.

АГАВЕ НЕКТАР (30) исто така низок гликемичен индекс и поздрава алтеренатива.

КСЛИЛИТОЛ (7) многу низок гликемичен индекс, но во голема мера ГМО, а често се поврзува и со интестинални тегоби.

СТЕВИЈА (0) 200 пати послатка од рафинираниот бел шеќер, воопшто не го менува нивото на инсулин во телото, ниту пак е искористлива за кандида или стрептококни бактерии, што ја прави одлична за дијабетичари, кај луѓе со тегоби во дигестивниот тракт и сите кои сакаат да поднамалат со калориите. 

АСПАРТАМ (0) заедно со другите вештачки засладувачи иако со гликемичен индекс под 1, сепак оваа група се поврзува со зголемена телесна тежина и претставуваа контроверзна група на засладувачи.

Кога слаткиот заб ќе се активира, консумирајте стевија или кокосов шеќер ако можете да најдете на нашиот пазар, јаворовиот сируп, агаве нектарот и суровиот мед консумирајте ги умерено, а вештачките засладувачи и високо рафинираните шеќери избегнувајте ги како чума.