Cross Fit Kids

За CrossFiТ се зборува веќе некое време, поточно од 2000-та година. Со својот подем во 2014 е еден од најпопуларните и најфаворизираните тренинзи. Во САД па и во некои европски држави овој воен стил на фитнес режим се провлекува и меѓу најмалите.

И со тоа се наметнуваат бројни прашања, дебати за тоа дали ваквиот фитнес е препорачлив за малите. Профи лица даваат зелено светло, но потенцираат дека тоа треба да го прават стручни тренери.

Програмата може да се прилагоди според снагата и издржливоста кај дечиња ни помали ни поголеми од тригодишна возраст и постари. Cross Fit Kids почнува да се практикува од 2004. Тренерите велат дека најчеста изјава од страна на родителите е дека тие не сакаат нивното дете да тренира со тежини. Се разбира дека нема.

Еден типичен тренинг за 6-7 годишно дете би изгледал вака:
– Загревање со 10 squats, 10 box jumps и скокање со јаже.
– Сето тоа се повторува во времетраење од 3 минути.
– Потоа следи 10 минутен циклус од 10 step-ups на кутија, 10 чучњеви и лазење по подот од едниот до другиот крај на салата.

Во секој случај овој циклус не трае повеќе од 10 минути и како и да се модифицира со комбинација на други вежби нема вклучување на тежини. Мртво дигање (deadlift) на пример би било практикувано само преку движењата кои се изведуваат при истото.

Значи децата би работеле на техника.

Бенефити за децата

Николас Магуид сертицифиран тренер по Cross Fit Kids во Tidal CrossFit in Toronto, вели дека една од најпозитивните страни е тоа што се избегнува фокусот од работење на само еден дел од телото. Згора на сè, варијацијата на вежби внесува разноликост во тренингот и го прави интересен за децата.

Децата градат позитивна слика за своето тело, подобро го разбираат здравиот стил на живеење, се заштитуваат од повреди (мускули, зглобови и сл.) доколку активно тренираат друг спорт.

Кристиан Гулет, специјалист педијатар по спортска медицина вели дека Cross Fit носи големи здраствени придобивки за децата. Голем дел од овој начин на фитнес се категоризира како неуромускуларен тренинг кој помага во градбата на мускули и развој на зглобовите кај децата. Исто така додава дека со ваков начин на тренинг децата кои немаат генетски предизпозиции да се бават со некој спорт може да стекнат способности и тоа само благодарение на неуромускуларниот тренинг.

Гулет исто така нагласува дека децата треба да работат на функционални движења, а Cross Fit-от ги практикува истите. Се сложува со Николас дека малецките никогаш не треба да вежбаат со тежини. Препорачлива возраст да се започне со ваков тренинг е 10 години и тоа не повеќе од три пати неделно.

Гулет потенцира родителите да бараат исклучиво сертицифирани искусни тренери за своето дете. Последно но не и неважно: како и за секој спорт така и за Cross Fit од исклучителна важност е детето да помине лекарски преглед.

Дали вие би се одлучиле за Cross Fit Kids?