Кинески магдонос – повеќе од кинески квалитет

Коријандер – зачин и додаток за секоја манџа  со состојки и бенефити кои се далеку од нашата перцепција за “made in China”. 

Оваа билка не е само додаток на егзотични јадења и извор на нов и интересен вкус, коријандерот крие голема прочистувачка моќ. Иако се уште не се знае точно која супстанца доведува до детоксификација од тешки метали и токсини, сепак повеќе истражувања ја потврдуваат големата хелирачка способност.

Особено полезен е да се користи кај луѓе кои живеат близу индустриски зони или во урбани средини со висок степен на загадување. Листовите на коријандерот може да се користат во иста цел како што се користат и листовите на магдоносот, во салати, чорби, супи, риба, зелено смути, да се приготви чај. Исто така и коренот од оваа билка изобилува со моќни прочистувачки супстанци и има далеку посилен вкус од листовите. На големо се користи во азиската кујна. 

Особено полесни се и есенцијалните масла кои ги содржи коријандерот. Тие всушност му го даваат карактеристичниот мирис, а се смета дека ја олеснуваат и подобруваат перисталтиката и го стимулираат лачењето на дигестивните сокови.

Плодот на коријандерот  е во вид мали зрнца, па се користи како зачин за да додадете малку егзотика во јадењето. Плодовите се полезни кај обилни менструални циклуси, па се препорачува во вид на чај.