Многу медали за Македонија на ,,БИХАЧ ОПЕН 2014″

13 медали: 4 златни, 3 сребрени и 6 бронзени медали и 2 место –држава по број на освоени медали

Македонските претставници во кик бокс овој викенд традиционално учествуваа на престижниот меѓународен кик бокс куп ,,Бихач опен ” во Бихач , Република Босна и Херцеговина .На самиот куп присутни беа 9 држави и 590 спортисти .

Овој куп се оддржа по 15 пат , а Македонската репрезентација во кик бокс освои 13 медали и 2 место за држава учесник со вкупно освоени медали.

Младите пртставници ја воодушевија присутнта публика во салата ,,Луке ” во Бихач со техника и спортско однесување на рингот и на татамите.

Златни медали

  • 1.Милан Кубин -89кг
  • 2.Бобан Илиевски -71кг
  • 3.Ружди Реџепи -75кг
  • 4. Марија Костовска – 65кг

Сребрени медали

  • 1. Александар Николовски -86кг
  • 2.Пандил Пандиловски -71кг
  • 3.Роберт Костовски -57 кг

Бронзени медали

  • 1.Слаѓан Димиќ -57кг
  • 2. Марио Додевски – 67кг
  • 3.Виктор Ѓорѓиевски -91кг
  • 4.Михајло Костадиновски -75кг ( во 2 дисциплини )
  • 5.Емир Ибраими -63кг

Македонија го освои и 2 место и доби заслужен пехар за држава по број на освоени медали веднаш после Унгарија .

На претседателот на Кик Боксинг Федерацијата на Македонија Александра Неделковска и беше доделена плакета за континуитет во настапи од 15 години на нашата држава.

Стручниот тим кој го предводеше претседателот на КБФМ Г-ѓа Александра Неделковска е во целост задоволен од настапот на Македонските кик боксери.