Големо признание за Алексовски Ивица на “Munich Hall of Honor 2014”

Основачот на нашите познати клубови за боречки вештини “Д Стронгест & РООТС” (џит кун до, бразилска џиу џица, мма) и Председател на македонската федерација за бразилска џиу џица, Алексовски Ивица изминатиов викенд во Минхен, Германија на Осмото издание на “Munich Hall of Honor” се закити со нова титула, “International Instructor of the year”.

Важната и почесна титула на Алексовски му беше доделена од комисија составена од врвни светски мајстори за боречки вештини од повеќе боречки стилови и држави од целиот свет, но исто така составена и од светски познати актери и славни личности од повеќе области.

Во силната конкуренција влегоа многу заслужни мајстори и луѓе кои ги шират боречките вештини низ целиот свет, но сепак ние имавме среќа овој пат да имаме и наш представник кој ја представува нашата држава на вакви квалитетни светски настани.

На доделувањето покрај многу мајстори со високи титули во својата вештина, беа и светски холивудски актри како Синтија Ротрок кај нас позната по филмовите со Чајна О’Брајан, потоа Самуел Квок, мајстор во Винг Чунг, познати глумци од Германија (Аларм за Кобра 11), врвни филмски каскадери итн…

Во текот на денот Алексовски одржа семинар каде што го представи својот стил “Д Стронгест” – Џит Кун До принципи и филозофија на борба и наиде на голем интерес кај присутните. На почетокот повеќето мајстори стоеа настрана од татамите, но за кратко време на татамите имаше над 30 мајстори кои беа дел од семинарот предводен од Алексовски.

Повеќето од присутните на крајот сака да земат автограм на нивните сертификати за учество на семинарот од нашиот представник и изразија желба за понатамошна соработка.