Брзо, лесно и едноставно
Блитва со соја шницли и печурки
Вегетаријански оброк што нема да ви одземе многу време и е превкусен!
- Порција за четворица!
- 1 пакетче соја шницли
- свежи печурки
- свежа блитва
- кашкавал
- малку масло
Подготовка
1. Ставате пакетче соја шницли да се сварат.
2. Во меѓувреме сецкате свежи печурки и ги пропржувате. Зачини по желба.
3. Откако ќе се сварат шницлите ги оставате малку да се оладат, а потоа ги сечете на покрупни коцки.
4. Ги додавате во тавата со печурките и ги пржите дополнителни 5 минути.
5. Во сад за печење најдолу редите еден ред од цели листови свежа блитва, врз тој ред нанесувате од смесата со соја и печурки, па потоа повторно блитва и сè така додека не го наполните или пак не ви се потроши смесата. 🙂
6. Најгоре рендате кашкавал и кршите едно јајце (по желба). Попрскувате со масло, и на дното сипувате малку вода за да не ви загори блитвата.
7. Печете на 250 степени, околу 15-тина минути.