Кога техниката не ни ја бива

Овие неколку овошја сме ги лупеле или сме ги јаделе погрешно цел живот…

Лесен, едноставен и неодолив начин да излупите манадарина. Само исечете по едно капаче од горниот и долниот дел, внимателно да не го пресечете и меснатиот дел од овошјето, и направете еден надолжен засек. За неколку секунди и без лепливи дланки добивате лента од мандарина.

Калинката е убедливо едно од најсложените овошја за лупење. Ама со овој начин можеби ќе успеете да си ја спасите маицата од црвените флеки и часот изгубен во разделување на ситните зрна. Додатно тука ќе најдете уште два ефективни начини за уживање во овој есенски дар: СКАПОЦЕНОСТ ВО ЛУШПА

Најлесен начин да уживате во кивито е со помош на лажичка. Исечете на половина и со мала метална лажичка извадете го средишниот дел. Вака можете директно да го консумирате или да заврши во овошната салата. Истото важи и за авокадото. Со помош на лажиче можете без проблем да го консумирате директно од лушпата.

Ѓумбирот лупете го лажичка, само исечете ги протрудираните делови и со помош на мала метална лажичка излупете ја лушпата. Така ќе загубите најмалку од здравиот дел, а сепак ќе добиете убаво излупен ѓумбир.