Зошто да одберете боречка вештина за вашето дете?

Во денешно време многу работи околу нас изобилуваат со насилство. Тргнувајќи од секојдневни случувања, одредена музика, акциони филмови во кои умеат да направат добар ”fight”, а децата тоа го сакаат. Од тука следи и прашањето дали да го запишете вашето дете на некој боречки спорт после сето тоа насилство сервирано од медиите.

Одговорот на ова прашање е ДА. Филмовите даваат погрешна слика за целта на боречките вештини, па ќе се изненадите колкав е всушност бенефитот од нивно практикување.

1. Поттикнување на самодисциплина
Еден од основните принципи на сите боречки спортови е апсолутен фокус на самодисциплина. Во денешно време децата кои се навикнати моментално да бидат задоволени, многу е тешко да им се објасни моментот и важноста на самодисциплината.

Децата кои се бават со некоја боречка вештина постојано се потсетуваат за важноста на самодисциплината.

2. Подобрување на социјалните вештини
Детето многу полесно може да се социјализира во просторија полна со негови врсници со исти интереси. На игралиште не секогаш ќе може да оствари комуникација со децата, меѓутоа тоа би било полесно на часот по боречки вештини со олед на тоа дека сите се дојдени со иста цел. Одредени форми каде вежбите се изведуваат со партнер ќе го поттикнат другарството и самонадополнувањето.

3. Охрабрување на бавење со физичка активност
Добар начин за да се лимитира времето поминато пред телевизор и да се охрабрат децата да бидат што е можно поактиви.

4. Учење на поставување цели и нивна реализација
Кај боречките вештини степенот на знаење се определува со појаси кои се во различна боја. Тенденцијата и желбата на вашето дете да се стекне со поголем појас ќе му помогне да научи важна лекција за поставувањето на цел и нејзино остварување.

5. Зголемување на самодовербата
Вербата во себе доаѓа со постигнувањата, па така и самодовербата на вашето дете ќе се зголемува со секој нов елемент што ќе го научи и со секој нов појас што ќе го добие. Децата кои имаат проблеми со самодовербата вообичаено стануваат посамоуверени како што изминува времето.

6. Стекнување чувство за почит
Учењето на било која боречка вештина ќе бара од вашето дете да покаже непоколеблива почит кон инструкторот. Во денечно време децата често не покажуваат почит кон претпоставени, возрасни или луѓе на повисока позиција. На часот по боречки вештини, покрај учењето на елементите детето ќе научи и да почитува.

 

7. Избегнување на конфликти
Детето ќе биде агресивно само доколку единствена допирна точка со некоја боречка вештина е преку телевизија од филмови. На тренинг децата се учат како да избегнуваат било какви конфликтни ситуации и истите да ги решаваат по мирен пат.

8. Подобрување во останатите сегменти во животот
Дисциплината, самодовербата, почитта и физичката состојба ќе му овозможат на вашето дете да се справи со секојдневните предизвици во, и надвор од училиштето, како и да се развие во стабилна личност.