Филозофијата зад денот за мамење

Што всушност се случува кога ќе дозволите вашата здрава исхрана да застрани?

Професиноналци, аматери, ѕвезди, модели… сите ќе признаат дека понекогаш мамат за време на стрикните режими кои сами или професијата им ги наметнува. За секој ефектот од денот за мамење е различен.

Кога примате доволно калории кои му се потребни на телото секој ден, ако застраните еднаш над таа бројка или пак под, компензаторните механзми веднаш ќе се вклучат, а стрелката на вагата нема да се помести. Телото има доволно место за варијации во калориите што ги прима, но тоа не значи дека треба да се претера. Ако јадењето на една голема пица или парче торта преку викенд ве одржува во форма за здрава исхрана преку целата недела, тогаш слободно дозволете си малку мамење. Но кога еден ваков оброк ќе премине во еден ден или повеќе, тогаш веќе тешко ќе се вратите на траката, а килограмите може да почнат да се наталожуваат.

Проценете се психолошки. Ако неделата ја гледате како чистилиште за да стигнете до викендот кога може да се прејдете чипс, тогаш овој модел не е за вас, туку дозволете си повеќе пати во текот на неделата мала количина на чипс.

Од друга страна кога се обидувате да изгубите килограми, денот за мамење понекогаш станува одлична алатка. Всушност кога сте на диета и имате еден задолжителен ден со покачена калориска консумација, спречувате организмот да прегладнува и да ги вклучи одбрамбените механизми кога ја сочувува и наталожува секоја можна калорија.

Автор

Martina Mileva

Штип

Македонија