Преку бебешки чекори, до големи промени

Некои навики е тешко да се сменат ама овие неколку совети ќе ви дојдат како одлична отскокна даска во мисијата да се погрижите за себе. Ако не ја остваривте досега новогодишната резолуција, ништо не е изгубено. Надвор се раззеленува, време е и Вие да процветате од внатре.

Никогаш не го прескокнувајте појадокот, потребен ви е за енергија и фокус, а и помалку додатно грицкање во текот на денот.

Пробувајте нови работи, нови вкусови, нови зачини. Никој не сака досадни нешта.

Трчајте, скокајте, танцувајте, возете велосипед, секое движење ви се брои.

Додадете бои во оброкот, колку е пошарен (повеќе зеленчук или овошје) толку е нутритивно побогат.

Заменете ги соковите со вода, ќе скратите многу калории.

Јадете повеќе диетални влакна, подолго ќе бидете сити, а вашиот дигестивен систем ќе функционира со полна пареа.

Јадењето нека ви биде ритуал, а не рутина. Уживајте во секое залаче.