Господар на грицките

За сите филм манијаци, добра вест за вашaта омилена закуска – пуканките.

Според едно истражување спроведено на Универзитетот Скрантон, Пенсилванија, белите пченкарни облачиња добиваат една нова репутација. Имено, пуканките изобилуваат со полифеноли. Полифенолите важат за моќни антиоксиданси кои докажано штитат од кардиоласкуларни заболувања и некои типови на рак.

Само за споредба, една порција пуканки содржи околу 300 милиграми од овие антиоксданси, наспроти највисоката содржина измерена кај свежиот зеленчук од 160 милиграми полифеноли.

Освен тоа, ако веќе на кантар ставаме грицки, пуканките изобилуваат и со диетални влакна, што ги прави одлична закуска, па дури и ако малку претерате со количината. Сепак внимавајте, здрави и полни со бенефит се пуканките кои се испукани под дејство на топол воздух, оние на масло и путер се помалку пријателски настроени кон струкот и срцето.