Компир макало со суви пиперки
Викенд зимско макало за опуштање….
- 10 суви пиперки (лути во случајов)
- 3 компири
- 150г сирење
- 3 чешниња лук
- бибер
- масло
Подготовка
1. Пиперките и компирите се варат.
2. Потоа заедно со сирењето интензивно се толчат и мешаат.
3. Се додава толчено лукче и се зачинува.
4.На крај, смесата се попарува со загреано масло.