Вистината за протеините и бубрежните болести

Вистински разговор за протеините и оштетувањето на бубрезите.

Идејата дека високо протеинската исхрана предизвикува „стрес“ на бубрезите со кој тие не се во можност да се справат е нешто за кое што луѓето расправаат со години. Тоа датира уште од раните 1980-ти , кога д-р Бари Бренер предложи врска меѓу високо протеинската исхрана и прогресијата на бубрежната болест.

На кратко, Бренеровата хипотеза сугерира дека јадењето на големи количини на протеини, на редовна основа има негативен ефект врз функцијата на бубрезите преку зголемување и на гломеруларниот притисок и на реналната хиперфилтрација. Ова ја компромитира бубрежната функција, која за возврат го зголемува ризикот за (или прогресијата на ) бубрежна болест.

Точно е дека ниско-протеинската исхрана помага за да се спречи влошување на бубрежната функција кај пациентите со ренална инсуфициенција. Тоа е затоа што една од главните функции на бубрезите е отстранување на крајните производи од метаболизмот на протеини од вашето тело. Тие дејствуваат како сито, ги филтрираат несаканите супстанции од крвта и ги праќа до мочниот меур, каде што тие се исфрлаат преку урината.

Но, мнозинството на научни докази цитирано од Бренер и неговите колеги се генерирани од животинските модели и пациенти со веќе постоечка бубрежна болест. Додека ограничување на внес на протеини може да биде соодветно за лекување на некој со постоечки бубрежни заболувања, нема докази за да се покаже дека високо – протеинските дози можат да доведат до оштетување на бубрезите кај здравите индивидуи.

Една студија од белгиските истражувачи Жак Портманс и Оливер Делаиукс ја испитуваше исхраната кај млади машки спортисти за да се види дали нивниот висок внес на протеини има негативно влијание врз функцијата на бубрезите. Една група се состоеше само од бодибилдери, додека втората група испитаници учествуваа во различни спортови, како што се велосипедизам, џудо и веслање.

Во просек, бодибилдерите консумира околу 3900 калории и 169 грама протеини дневно (1,9 грама на килограм телесна тежина). Втората група консумираше околу 2600 калории и 99 грама протеини дневно (1,4 грама на килограм телесна тежина). Некои од бодибилдерите консумира до 2,8 грама протеини по килограм телесна тежина.

 

И покрај високото ниво на протеини во исхраната , примероците од крв и урина покажаа дека сите маркери на функцијата на бубрезите беа добри и во рамките на нормалата .

Во 12-месечно проучување на 68 мажи и жени со прекумерна тежина, ниско- јаглехидратната исхрана која обезбедуваше околу 130 грама протеини дневно немаше негативни ефекти врз бубрежната функција во споредба со високо-јаглехидратната исхрана која обезбедуваше околу 85 грама протеини дневно.

Немаше значајни промени во нивоата на креатинин во крвта или проценетата гломеруларна филтрација, од кои и двете се користат за да се провери колку добро бубрезите работат.

Истражувачите при Универзитетот на Конектикат постигнаа сличен заклучок кога ги разгледаа повеќегодишните истражувања на оваа тема. По пребарување на преку десетици студии во врска со протеинската исхрана и бубрежната функција, во истражувањето спроведено на здрави поединци не најдоа никакви докази за да се демонстрира јасна врска помеѓу зголемената протеинска исхрана и оштетувањето на бубрезите.

Нивниот заклучок гласи:

  • „Иако прекумерната доза на протеини останува здравствен проблем кај лицата со постоечка бубрежна болест, литературата нема позначајни истражувања кои ја демонстрираат врската помеѓу протеините и започнувањето или прогресијата на бубрежната болест кај здрави индивидуи. Уште поважно, доказите сугерираат дека промената на протеини предизвикана при бубрежната функција, најверојатно, е нормален адаптивен механизам и е во рамките на функционалната граница на здрав бубрег. Без прашање, потребни се долгорочни студии за да се појаснат многу докази со кои располагаме во моментот во врска со овој однос. Во моментов, не постојат доволно докази за да се гарантираат директивите на јавното здравство во насока на ограничување на протеинската исхрана кај здравите возрасни лица заради зачувување на бубрежната функција.“

Понатаму, постојат проценки дека некои од нашите палеолитни предци консумирале повеќе од 230 грама протеини дневно. За некој кој тежи околу 80 килограми, тоа одговара на повеќе од 2.9 грама на килограм.

Тоа е всушност за 30 % повеќе од општо прифатениот став „еден грам протеини на килограм телесна тежина дневно за градење на мускулите“. Протеините претставуваат безбеден дел од човечката исхрана во текот на многу години, и нема добра причина да се верува дека ова ниво на внес е нездраво или небезбедно.

Автор

Atletiks Fitness

Скопје

Македонија