Дали децата треба да гледаат хорор филмови?

Постојат бројни начини како децата може да се забавуваат и тоа со наједноставни предмети што ги опкружуваат во домот. Од една страна, родителите се едногласни дека обврските или задолженијата по дома како и активностите кои го поттикнуваат процесот на учење кај децата се добри за нив, додека од друга страна кај нив постојат различни гледишта во контекст на филмското мени што им се нуди на децата.

 

Општо земено:
Една од најжестоките дебати објавена на веб страна од едно списание за родители е токму околу прашањето дали родителите треба да им дозволат на своите деца да гледаат страшни или хорор филмови. Некои родители велат дека хорор филмовите не содржат никаква доза на забава за децата, наспроти друга група родители кои веруваат дека хорор интригата е дел од човековата природа.

Постојат и родители кои дури инсистираат нивните деца да гледаат филмови од овој жанр за да растат и созреваат на побезбеден начин со тоа што ќе научат како да разликуваат реални опасности од надприродни хорори.

Освен цртаните филмови децата не можат да направат разлика меѓу реални и имагинативни елементи во филмовите. Затоа порано треба да им се посочи разликата помеѓу реалноста и светот на глумата и креирањето на филм. Никој навистина не умира или страда во филмот.

Филмовите како Франкенштајн, Човекот Волк, Годзила се на некој начин филмови со комични елементи и се добри како филмови во репертоарот на едно семејство. Никој не би сакал неговото дете да има кошмари, но децата би си легнале со поздрава идеја кога ќе разберат дека Човекот Волк има само костум и шминка.

Анализирањето и дискутирањето на содржината на филмовите сите заедно како семејство им помага на децата да прават разлика меѓу што е вистинито а што измислено и на крај дури може да ја разбудите почитта кон уметноста на правење филм.

Конкретни совети за возрасната граница:
Секое дете е различно па затоа очекувајте од секоја мала индивидуа различна реакција.

• Децата под 7 години сеуште тешко разликуваат вистинито од измислено. Затоа внимателно со изборот на содржината. Тие сакаат мистерии, но бидете внимателни со чудовишта, скелети, зомби, марсовци.

• Децата помеѓу 8–10 години можат да се справат со содржината на еден страшен филм дури и уживаат во тоа. Пожелен е happy ending.

• Децата постари од 10 години генерално обожуваат хорори особено доколку го гледаат во друштво. Пожелно е филмот да содржи доза на хумор и да има позитивен крај.