За искачувањето на Анапурна

Опремата која ја носеше Ули Штек

Колку опрема е потребно за да се искачи нова насока на 2400 m-ска Хималајска стена? Традиционалните искачувања налагаа толку многу што цела војска од носачи и јакови им беше потребна за да однесат сè до базниот логор. Но, времињата се сменија.

Во почетокот на октомври 2013 година, смелиот и талентиран швајцарец Ули Штек носеше помалку од 8,2 kg на својот грб за новата насока по суперстрмната јужна стена на 8091 m високата Анапурна I во Непал. (Штек претходно го постави првиот логор на Анапурна, но сета оваа опрема ја користеше за над 6100 m н.в.)

Без партнер и со минимална опрема, Штек се потпре врз своето огромно искуство и физичка подготвеност за ја качи и симне Анапурна I за само 28 часа.

  • „Кога качувате вака немате многу резерва,” вели Штек „Таму немав скоро ништо. Тоа ми овозможи да се движам брзо, но ако не можеш да се движиш, може многу брзо да стане сериозно.”

Иако малкумина планираат толку смели искачувања, сите алпинисти прземаат слични одлуки кога се пакуваат за во насока, и некои од ставовите на Штек се однесуваат на скоро сите искачувања.

Со многу товар, ќе се движите побавно. Премалку, може во најмала рака да заглавите, доколку нешто лошо се случи. Како додаток на неговата основна облека и топлите обувки со интегрирани камашни, еве што носеше Штек за своето историско искачување.

40 литарски ранец

Јакна со перјано полнење; јакна со синтетичко полнење и качулка

Штек ја избра оваа комбинација на слоеви облека за екстремните варијации на температурата во денот и ноќта, и за висинската разлика од 2400 m.

  • „За време на денот доволен е само еден тенок слој, па така ја носев само тенката синтетички изолирана јакна. Потоа ноќе, перјаната јакна немаше да биде доволна, но заедно со синтетичката, беше одлично.”

Тенки ракавици и перјани ракавици со палец (mittens)

Додека гледаше фотографија од стената на својот фотоапарат, на Штек му паднал фотоапаратот и една од неговите перјани ракавици со палец. Продолжува да се движи ноќта носејќи ги тенките ракавици, и преостанатата една перјана ракавица постојано ја менувал од едната рака на другата.

Шлем

Ултралесен појас

60 m-ско јаже со пречник од 6 mm

Супертенкото јаже, всушност помошно јаже, замка, го носел само за симнувањето.

  • „Мојата одлука беше да ја качам стената без јаже. Ако стане потешко за да можам да качувам без јаже, ќе се вратам назад.” вели Ули Штек. Дури и на симнувањето, јажето го користел само повремено. „Со (само) 60 m-ско јаже дебело 6 mm и пет клина, не можете да абзелувате 2400 m-ска стена!”

2 тубуларци

5 клина

Абалакова кука

Абалаковата кука служи за протнување на замката во Абалаковото сидриште, наречено според рускиот алпинист и инженер Виталиј Абалаков, кој ја измислил техниката на дупчење на две дупки кои се спјуваат во цврст мраз и протнување на замка за користење како абзелно сидриште. Абалаковите сидришта им овозможуваат на кaчувачите да прават многу абзели со трошење на минимална количина на опрема.

Нож

Карабинери и гуртни

Дерези

Бајли

Шатор
Штек носеше суперлесен (1,134 kg) едноѕиден шатор во насоката но својата вреќа за спиење ја остави во Логорот 1. Зошто? Зашто не планирал да застане доволно долго за да му треба вреќа за спиење, но шаторот е доста важен. „Тој штити од ветер (додека топите снег) за да подготвите топли напитоци.“ изјавува Штек.

Горилник со интегриран лонец

1 боца со гориво

Шише за вода

Очила за сонце и визир

Зошто и очила и визир? Зашто, според зборовите на Ули Штек

  • „Ако немате доволно добра заштита на очите, брзо ќе ослепете, што зачи дека сте мртов. Затоа потребни се дополнителни очила. Згора на тоа, визирот го штити лицето од ветрот, но не е удобен дење кога е топло.”

Челна лампа

Резервни батерии

Сателитски телефон

Фотоапарат

Прибор за прва помош

Штек носел мал, но содржаен прибор за прва помош: ибупрофен за болки и воспаленија, дексаметазон за висинска болест, Адалат (нифедипин) за висинска болест, Трамал (трамадол) за олеснување болки, Имодиум за дијареа.

Заштитна крема за сонце

Енергетска храна

Швајцарецот со себе носел околу 85 грама сирење кое го оставил во Логорот 1. наместо тоа, понесол шест енергетски чоколади и две пакетчиња енергетски крем, енергетска мешавина и енергетски пијалок мешавина од перонин и какао, вкупно 3200 калории.

Автор

Nikola Andonoski

Гостивар

Македонија