Луѓе како нас – ден посветен на планинското трчање

Планинскиот филмски фестивал Ехо, во соработка со здружението TREX и ПСД Макпетрол на 4-ти април организира настан кој ќе биде целосно посветен на
планинското трчање. Преку кратки видеа, филм и гостин кој за сега ќе остане пријатно изненадување и под диригентската палка на Трајче Панковски, ќе имаме супер можност сите заедно да уживаме во 4-часовна програма која ќе послужи за промоција и подобро претставување и запознавање со овој спорт.

Преку тие видеа од разни краишта на светот, ќе имаме супер можност да се запознаеме со луѓе како нас – кои организираат трки, се натпреваруваат или само уживаат во трчањето по планинските патеки, поминуваат долги растојанија по пустини, се подготвуваат во своите блиски локалитети и покрај разно-разните секојдневни обврски – го работат овој спорт со голема љубов и посветеност и тивко, но моќно инспирираат!

Повелете на дружење и инспирирање, на 4-ти април во киното Фросина во МКЦ од 18 до 22 часот. Влезот е бесплатен.

Трејлерот од фестивалот во кој може да се проследат инсерти од дел од филмовите кои ќе бидат проектирани.

Автор

Eho - Mountain film festival

Скопје

Македонија