Давид Лама на „Компресорот“ на Серо Торе

„Шанси колку снежна топка во пеколот“

Давид Лама имаше обиди за слободно искачување на „Компресор“, а сето тоа беше придружено и со многу негативни критики од страна на голем дел качувачката заедница. Сепак, ни доаѓа трејлер кој ни најавува филм што поблиску ќе ни го долови првото слободно искачување на „Компресор“-от.

По обидите кои траеја повеќе од три години, Давид конечно си го оствари својот сон да биде првиот што ја качил слободно насоката „Компресор“ на Серо торе во Патагонија. Дваесетидвегодишниот качувач ја искачи источната стена на 3128 m високата планина откако беа извадени експанзивните клинови. Давид качуваше слободно 24 часа и покрај неколку пада и многу студено време, постави бивак на Ледените Кули на Серо Торе, заедно со неговиот партнер Петер Ортнер, пред последниот јуриш кон врвот. Ова е трејлер за филмот за ова озлогласено искачување на оваа озлогласена насока.