Огромно гребенско пречење во Патагонија

Колдвел и Хонолд на пречката на Фиц Рој

Томи Колдвел и Алекс Хонолд ја завршија една од најголемите награди во Патагонискиот алпинизам: таканаречената Траверса Фиц, комплетно пречење на гребенот на 3405 m високиот Фиц Рој и шесте соседни врва.

 

Ова долго дискутирано гребенско пречење е познато и како „Мајката на сите пречки во Патагонија“. За пречката од север кон југ им беа потребни полни четири дена (плус приод и симнување) иако Колдвел и Хонолд најголем дел од насоката ја качуваа паралелно со патики за пристап. Временските услови им беа добри, но условите во стените беа доста лоши, со доста снег и мраз во пукнатините. Ова беше прво качување на Хонолд во масивот на Фиц Рој.

Подолу следи полн извештај, кој го обезбеди Роландо Гариботи, автор на книгата-водич за реонот на Фиц Рој.

Помеѓу 12 и 16 февруари, томи Колдвел и Алекс Хонолд го завршија првото искачување на многу дискутираната „пречка Фиц”, качување низ култната грбенска линија на Серо Фиц Рој и околните врвови во јужна Патагонија.

Оваа гребенска линија вклучува искачување на Aguja Guillaumet, Aguja Mermoz, Cerro Fitz Roy, Aguja Poincenot, Aguja Rafael Juárez, Aguja Saint-Exúpery и Aguja de l’S.

Сè на сè тие поминаа над 5000 m гребен, со вкупно 4000 m висинска разлика и тежини до 7а и 65°. Најголем дел качувале паралелно, и некои секции од по 20 цуга како столбот Goretta го минувале во 3 цуга. Тоа е единственото место каде носеле патики за качување, остатокот од пречката го минале во патики за пристап.

Со качување започнале во 9:45 на 12 февруари, а пречењето го завршиле во 10:00 на 16 февруари. Гариботи изјавува дека лошите услови во стените се резултат на едно од највлажните лета (во јужната полутопка) во последните години.

За ова епско искачување тие понесоа:

– два ранци (35 и 25 литри)
– една вреќа за спиење
– еден шатор
– горилник со три боци со гориво
– една бајла
– два пара алуминиумски дерези
– еден тубуларец
– 2 френда бр.2
– 1 френд бр.3
– Два комплета чокови
– Едно 60 m-ско динамичко јаже со пречник од 9,8 mm за водење
– 80 m статичко јаже со пречник од 6 mm
– Три јумари/еднонасочни макари
– 6 комплета
– 14 гуртни

Колдвел има поминато неколку сезони во Патагонија, правејќи исклучителни искачувања како неговото прво и онсајт искачување на „Linea de Eleganza” на Серо Фиц Рој. Ова е прво качување на Холод во Патагонија воопшто.

Автор

Nikola Andonoski

Гостивар

Македонија