Тешката насока доби и прво повторување

Нова насока на Премрл и Емет

Нови тешки насоки во мраз беа качени на водопадите Helmcken во Канада од страна на Вил Гад, Тим Емет и Клемен Премрл. Тим Емет и Клемен Премрл исто така направија прво искачување на насоката „Clash of the Titans” WI10+, која потоа ја повтори Ангелика Раинер.

Повторно е тоа време во годината: време за водопадите Helmcken во Канада, фантастичната „пештера“ откриена пред четири години од канаѓанецот Вил Гад и англичанецот Тим Емет кои во 2010 година го направија првото искачување на „Spray On“, линија која канаѓанецот ја опиша како „најкул мраз кој сум го видел и качил, било каде во светот.“

Во 2012 Емет се здружи со словенецот Клемен Премрл и обајцата „избушија“ и слободно качија нова насока која ја нарекоа „Wolverine“, за која предложија дека е првата насока со тежина WI11, последниве денови наврската продолжи да качува нови линии.

Најновата креација беше слободно искачена на 12 февруари и беше наречена „Clash of the Titans“ качена е одоздола нагоре, оценета е со WI10+ и според Емет нуди „50 m качување, но потребно е 80 m-ско јаже, зашто е многу превисна.“ Првото повторување се случи доста брзо, за време на кратка посета на водопадите Helmcken, италијанката Ангелика Раинер ја повтори насоката, и изјави:

  • „Оваа насока е навистина прекрасна, местоположбата е апсолутно фантастична. Најлудата насока која ја имам качено!“

Треба само да се додаде дека Вил Гад качи слободно уште една линија, што значи дека има 10-ина насоки во пештерата, од кои две одат до врвот. Предвидувањето на Емет си е потполно на место: оваа пештера е „иднината, за тие кои ја сакаат авантурата.“

Автор

Nikola Andonoski

Гостивар

Македонија