Креативна демонстрација за безбедност

Познато е дека децата знаат да се занесат во игрите или пак да одбиваат основни заштитни мерки кои што можат да значат живот…

 

Затоа, добар начин да ги подучите малите палавковци е преку практични примери, каде низ игра во кои и самите ќе бидат инволвирани визуелно и емотивно ќе ја доживеат ситуацијата. Така ќе постигнете најдобар ефект.

Во западните земји се одржуваат DIY (do It yourself – направете сами) настани посветени на безбедноста кои само го потпомагаат процесот на учење од она што дома веќе им е објаснето на децата. Бидејќи ним понекогаш им треба некое трето лице да им каже што е добро, а што лошо за да послушаат.

Ова се неколку DIY креативни идеи кои ги учат децата за безбедност во секојдневниот живот.

1. Сигурносни појаси во автомобил…
– Потребни се јајца, кола (играчка) и рампа.

Децата го ставаат јајцето во колата и го пуштаат надолу по рампата. Кога колата доаѓа до крајот на рампата нагло застанува, а јајцето (кое не е обезбедено) паѓа и се крши. Драматична глетка, визуелна и за паметење, а толку едноставно изведено.

Треба да знаете дека како родители сте пример за вашето дете кое има повеќе шанси да се врзува (а со тоа и да биде побезбедно) доколку и вие се врзувате со сигурносен појас.

2. Кациги за велосипеди и дињи

 

Носете кацига за да си го заштитите текнувалото!

Децата ставаат дињи во кацига за велосипед и ја пуштаат да падне од 1 метар височина. Овие дињи не се распукаа поради тоа што се заштитени од кацигата.

Потоа ги пуштаат дињите без кацига од истата височина и се разбира тие распукнуваат.

 

Важно е кацигата да биде правилно поставена на главата без да се поместува нанапред, наназад или на страна. Исто така, кацигите се препорачуваат и кога се вози тротинет, скејтборд и слично.

3. Преминување улица

 

Многу е важно на децата да им се потенцираат опасностите кои ги демнат додека се загледани во своите телефони. Технологијата го измени светот, без разлика дали кон подобро или полошо, а ние треба да се приспособиме кон новите услови.

На овие настани на децата им се потенцира важноста да ги извадат слушалиците и да ги прекинат моменталните активности на мобилниот телефон кога се приближуваат кон улица. Да не претпоставуваат дека возачот ги гледа.

Дека треба да се воспостави директен поглед со возачите пред да се премине улицата. И тие можеби го гледаат својот телефон или едноставно не ги гледаат децата. Гледајте на двете страни!