Спортска Јога

Power Yoga идеална за сите спортисти

Power Yoga вежбите се базирани на поинтензивни елементи од Ashtanga, Iyengar и Bikram Yoga.

И овој облик на јога, посебно внимание му посветува на правилното дишење. Вежбите се избалансирани да ги опфатат сите делови од телото па на крајот се постигнува комплетено духовно и телесно опуштање. Се подобрува целокупната физичка кондиција, се подобрува концентрацијата, се намалува стресот, а освен тоа, се зајакнуваат и тонираат на мускулите, со што стануваат пофлексибилни и поподвижни.

Вежбите се поделени на неколку делови :
– Првиот дел се динамични (vinyasa flow) вежби. Акцентот е на рацете и нозете.
– вежби за концентрација и баланс.
– статични вежби за истегнување. Акцентот е на грбот и кичмата.
– кратка медитација и опуштање
– во понапредните групи се работи и на енергетскиот дел, преку вежби за дишење pranayama.

Овој вид на јога им се препорачува на сите луѓе, без оглед на возраста.

Идеално за сите спортисти. При практикување на јога во комбинација со било кој спорт, се зајакнуваат и истегнуваат сите групи на мускули, со што се забрзува опоравувањето на мускулите по напорни тренинзи и се избегнуваат спортските повреди. Воедно, со редовно практикување се зголемува чувството за концентрација и баланс.

Одлично е да се комбинира со традиционална јога, бидејќи по совладување на потешките физички вежби, на вежбите на традиционална јога комплетниот фокус е на менталниот дел.

Може да го практикуваат и лица заболени од остеопороза, но, секако, само под лекарски надзор. За срцевите болни, овој вид на јога е апсолутно сигурен и безбеден