Најмакедонско макало

Вкусно макало со најмакедонски продукти. Оди како одличен додаток во зимски бургери, а се мачка и на леб (некоја поздрава варијанта) со сирење или кашкавал. Едно, до две парчиња максимум, инаку станува опасно!

 
  • 250г бел грав (варен)
  • 10-15 суви варени црвени пиперки (во овој случај лути)
  • 20мл доматно пире/кечап
  • 1 страк праз
  • 2-3 чешниња лук
  • масло
  • природна сол
 

Пoдготовка

1. Прво се толчи лукот со ситно сецканите варени суви пиперки.

2. Потоа заедно со гравчето се толчат и мешаат.

3. Се додава кечапот и ситно сецканиот праз и се засолува по желба. 

4. Се попарува со 4 лажици масло.

 

Автор

Dusan Jovanovski

Скопје

Македонија