Во Шпанија

Адам Ондра ја потвори насоката на Крис Шарма

Во Маргалеф, Шпанија, се наоѓа насоката  „First Round, First Minute” која претходно ја имаше качено само Крис Шарма во 2011 година, и оттогаш не беше повторена.

Адам Ондра го направи второто искачување на „First Round, First Minute” во Маргалеф, Шпанија. На насоката беше направено редпоинт искачување во април 2011 година од страна на Крис Шарма. Иако Шарма не даде оцена за тежината на насоката, Ондра ја оцени со 9b.

 

Ондра имаше обиди по насоката повеќепати во 2011 и 2013 година, но оваа година насоката му беше проект, и помина една недела во Маргалеф пред да ја качи. Насоката има само 25 движења кои се долги и интензивно болдерски.

  • „Или е кратко, или е долго, зависи колку ќе успееш да се држиш.” – изјави Ондра. „Дефинитивно беше како насока, со клучен детал пред крајот. Самите движења не се многу тешки, околу 7c болдер пред врвот, ама да има 20 такви движења под тоа, сигурно ќе биде потешко.”

Ондра, кој во средата наполни 21 година, ќе остане во Шпанија уште една недела и потоа се враќа во Чешка за да тренира. Планира да качува на сите натпревари во тежинско на Светскиот Куп и на некои од Светскиот Куп во Болдер.

Автор

Nikola Andonoski

Гостивар

Македонија