Неколку работи кои не сте ги знаеле за детоксикацијата

Во текстот подоле ви откриваме што е детоксикација, зошто е таа важна и како да ја направите сами.

 

Кога ќе го слушнеме зборот детоксикација, прво што ни паѓа на памет е диета и слабеење, прекумерно користење алкохол и наркотици. Меѓутоа вистинското значење на зборот детоксикација е чистење на организмот од лоши влијанија на животната средина како индустриско загадување, пестициди и адитиви во храната, цигарите итн.

Детоксикацијата најмногу се однесува на црниот дроб, дебелото црево и бубрегот затоа што тие се задолжени за филтрирање и елиминирање на штетните отрови кое влегуваат во организмот.

Зошто детоксикацијата е важна?

Детоксикацијата е еден од најдобрите начини да го одржите телото здраво во загадена средина.

Ова се неколку симптоми за потреба од детоксикација: болки во пределот на главата и кичмата, слаба меморија, зголемена осетливост на лекови и пестициди.

Позитивните ефекти од детоксикацијата се забележуваат кај работата на бубрезите, црниот дроб, подобрена крвна слика. Го подобрува имунолошкиот систем, ја намалува зависноста од шеќер, кофеин и алкохол.

Краткотрајна vs. долготрајна детоксикација

Процесот на краткотрајна детоксикација вклучува: 24 часовно пост во кој се дозволени само цедени сокови, хелациона терапија и чистење на тешки метали од организмот.

Со процесот на долготрајна детоксикација пак се врши промена во диетата (избегнување на месо, храна со голема количина на јаглени хидрати односно зголемено внесување на овошје и зеленчук, поготово бел лук).

Внесување на течности (вода, чаеви, цедени сокови) внесување на витамини и суплементи. Се препорачува и вежбање (јога или пилатес), алтернативни терапии како акупунктура, хомеотерапија, хидротерапија. Се препорачуваат и техники кој го елиминираат стресот како масажа и медитација.

Детоксикација во нашиот дом

Ќе наброиме неколку ,,направи сам“ детокс третмани кои се едноставни и не се скапи. Овие куќни тремани представуваат добар почеток, но нема да дадат долготрајни резултати.

Лимонска киселина

Додајте лимонов сок во вода. Лимонската киселина помага во процесот на детоксикација. Благодарение на големата ph вредност, лимонската киселина може да навлезе и ги разгради молекулите во масните наслаги.

Таблети и капсули за детоксикација

Многу компании продаваат таблети за детоксикација. Внесувајте ги еднаш на ден и вашата детоксикација може да започне.

Детоксикација со помош на јаболко

Во текот на три до четири дена внесувајте само јаболко. Се препорачуваат оние врсти кои порано созреваат во сезоната.

Автор

Aerobic and Pilates -Vinica

Виница

Македонија