Зимски веге бургер

Домашно си е домашно…

 
  • 2 лепињи, сомунчиња
  • 100г ситно немасно сирење (може и урда)
  • 10-15 листови спанаќ
  • 100г печурки шампињони
  • 1 страк праз
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица оригано
  • неколку маслинки
  • неколку коцки сирење
  • бибер
 

Подготовка

1. Сомунчињата се сечат попречно и се задлабуваат со лажица.

2. Се премачкуваат со предходно направениот крем од сирење, сенф и ситно сецкан спанаќ.

3. Одозгора се додава предходно пропржената смеса од сецкан праз и печурки (3-5 мин).

4. Потоа се додаваат неколку коцки сирење (листови кашкавал) и маслинките.

5. Се ставаат во тава и се печат во загреана фурна на 180 степени, 10 минути, колку да поцрвене сомунот.

Автор

Dusan Jovanovski

Скопје

Македонија