Шумливите таблети преполни со сол?

Најнови препораки од СЗО… Ако внимавате на солта, внимавајте и на шумливите таблети.

За некои од нас е далеку полесно лекот или пак витаминско-минералниот суплемент да се испие како сокче, наместо да се проголтуваат гломазните таблети. Сепак СЗО предупредува дека во шумливите таблети кои изгледа се преферирани од потрошувачите се кријат големи количини на сол.

Во една шумлива таблета може да се најде количина на сол, која ги задоволува дневните потреби, па се друго што ќе примите преку храната останува да биде вишок во организмот. Експертите препорачуваат особено внимание на ова да обратат лицата со висок притисок, проблеми со бубрезите и оние кои примаат секојдневи терапии со шумливи таблети.

Повеќе за солта и нејзиниот импакт врз здравјето на следниот линк: СИ ПОСОЛУВАМЕ СРЦЕВИ БОЛЕСТИ