Првпат на качување во Алјаска

Арнолд и Лама со нова насока

Во април минатата година Давид Лама и Дани Арнолд за првпат беа во Алјаска каде качија првенствена насока „Bird of Prey“, од 12 – 14 април, на претходно неискачената централна стена на источната страна на врвот Moose’s Тooth. Овој месец на интернет беше објавено видеото од ова искачување.

Наврската ја реализираше својата цел во 17 цуга и беа назад во базниот логор во временска рамка од 48 часа. „Тоа е логична линија,” уште лани изјави Арнолд. „Ја качувавме најдиректната и најлесната линија до врвот, но испадна доволно тешка.” За нивната првенствена насока „Bird of Prey”, Лама дава оцена од 6а (VI+), М7, 90°, А2.

Во ова видео, снимено во насоката од страна на самите качувачи, фино се доловени некои од тешкотиите на екстремниот алпинизам, во стил типичен за Алјаска.