Вежбај во моментите кога бдееш на работа

Сè поголем дел од работата на луѓето се префрла на стол и огромен дел од нас ги минуваат скоро сите работни часови, па и повеќе во една иста проклета позиција – седечка, која на жалост не е ни малку арна за нашето здравје. Еден млад човек апелира, наше е да послушаме.

 

Дечкото што во видеово подолу се спротиставува на оваа длабоко интегрирана канцелариска култура е младиот Џејмс Хамблин, главниот уредник на секцијата „Здравје” при магазинот Атлантик, кој вели дека со раздвижувањето и честото прекинување на седењето на работното место, па и по дома тој нема намера да превенира некои болести (иако го прави токму ова) туку само сака да се чувствува поживо, бидејќи седењето по 10 часа на работа не е во можност да му го пружи тоа.

Веќе е цврсто докажано дека повеќечасовното седење во денот е вистинска катастрофа по здравјето на човекот, а тоа дури и може да ги анулира позитивините ефекти на вежбање. Затоа, здравствените органи сè повеќе алудираат на било какво спортиставување на оваа положба.

Џејмс на многу кул начин предложува идеи кои веќе се користат во поразвиените земји како стоечко биро па дури и биро со вграден велосипед, прекинување на седењето со чести паузи за раздвижување и многу други интересни можности што би можеле да ги правите за да се раздвижите на работното место.

Размислете дали ќе почнете да размислувате како него, или пак ќе бдеете на вашиот задник како неговите колеги!

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија