Трета титула од 23тото Grand Prix Croatia 2014

Идризи ја оствари целта, ја освои третата Гранд При титула

На 17-18.01.2014 во Самобор – Хрватска се одржа меѓународниот карате турнир, еден од најјаките во централна и југоисточна Европа, 23ти по ред Grand Prix Croatia 2014, каде што учествуваа 18 земји, 186 клубови со 1550 натпреваруваци. Балканскиор шампион и државен репрезентативец Абдурахим Идризи по трет пат учествуваше и по трет пат ја освои титулата Гранд При.

Во силна конкуренција, во 5 борби стигна до златниот медал. Може да се рече дека најтешка беше првата борба каде се мораше да се реши во последниот свиреж на семафорот, во последен миг Идризи со нога доби три поени и го победи противникот.

Втората и третата борба беа релативно лесни каде што едната ја доби 10-0 а другата 8-0, четвртиот меч беше многу возбудлив, силен противник, но секунди пред крајот Идризи имаше одлично чистење во стилот на сениорите и стигна до финалето каде што го очекувасе веќе познат противник за него и со тактичка борба без да се доведе во прашање победата, го совлада со одлични 6-0.