Зимска вегетаријанска тава

Лесен и квалитетен оброк што изненадува со својот прекрасен шмек.

 
  • 500г свежи шампињони
  • 2 страка праз
  • 1 средна кисела зелка
  • 1 пашканат
  • дафинови листови
  • бибер
  • природна сол
  • суви пиперки
  • маслиново масло
 

Подготовка

1. Зелката се сецка и се реди во малку замастена тава за печење.

2. Одозгора се посипува со (предходно лесно пропржен) праз на кругчиња, пашканат и печурки. 

3. Одозгора се редат сувите пиперки и дафиновиот лист, се додава малку масло и топла вода. 

4. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути, а потоа се вади капакот за малку да се потпече.