СЦ „Борис Трајковски“

Тренинг по хокеј на мраз

Mожеме слободно да се пофалиме дека хокејот како спорт, кој што на нашите простори беше замрен речиси триесет години, на голема врата се врати во семејството екипни спортови во Република Македонија. Младите љубители на овој спорт добија можност за тренинзи во првиот затворен центар, хокеј арената во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ.

Хокеарите сега можат да тренираат на вистински мраз. Тренинзите се категоризирани по возраст, од страна на реномиран тренер по хокеј од Русија, Димитри Незнамов во склоп на хокеарскиот клуб „Вардар” .

Дури и по завршувањето на зимската сезона, тренажниот процес продолжува, за да се одржи спремноста на хокеарите. Веднаш по завршување на сезоната, односно од 15-ти април хокеј арената ќе работи на пластични ламинат панели кои се лиценцирани и произведени од Viking ice LLC .

Подлогата е одобрена и сертифицирана од Меѓународната хокеарска федерација и се користи за професионален хокеј на мраз и уметничко лизгање.

Спортскиот центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ има за цел да постави цврст темел во овој спорт кој ќе резултира со здрава иднина, а ќе развие уште една спортска гранка која досега граѓаните немале можност да уживаат.